Кисела Вода додели над 500 ваучери за новороденчиња

Со денешното свечено доделување на еднократната парична помош за родителите кои во последните три месеци добиле принова, бројката на доделени ваучери се искачи на 511.

Одлуката која беше донесена пред една година, а помошта ќе продолжи да се применува  до крајот на мандатот на градоначалничката, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Денеска беа доделени 48 нови ваучери за новородените деца од овој дел на градот и уште еднаш беше упатен апел до сите родители кои ги исполнуваат критериумите, да ги достават документите до општинската администрација и со тоа и тие да стекнат право на еднократна парична помош од општина Кисела Вода.