Македонија

Кисела Вода го надмина бројот од 700 доделени ваучери за новороденчиња

Кисела Вода го надмина бројот од 700 доделени ваучери за новороденчиња

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ по 16-ти пат додели еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња.

– Живеејќи во време кога намалувањето на наталитетот е глобален проблем од кој ниту една држава нема имунитет, драго ми е што во нашата општина се зголемува бројот на население. Со големо задоволство сакам да констатирам  дека со денешното доделување на еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња ја надминавме бројката од 700. Значи, 714 доделени ваучери, 714 новородени деца, 714 нови жители на оваа општина. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација. И затоа, секој треба сериозно да размисли околу својот придонес- истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Додаде дека мерката, која беше донесена на нејзина лична иницијатива, како градоначалник на општина Кисела Вода и со која на родителите им се излегува во пресрет на првите потреби за новороденчето, ќе се запази се до крајот на нејзиниот мандат.