Кисела Вода, Карпош, Илинден во понеделник без струја

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека во понеделеник, 03.11.2014 година, без електрична енергија ќе останат дел од жители од општините Кисела Вода, Шуто Оризари, Сарај и Карпош.

Ова се улиците каде ќе нема струја:

• во време од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците: Наум Охридски, Востаничка, Банско и Благоја Гојан, (општина Кисела Вода), и корисниците од улица Вашингтонска. (опш. Шуто Оризари)
• во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, ( општина Сарај ), и корисниците од булевар Илинден од број 94 до број 100 (опш. Карпош)
• во време од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Свиларе – горен дел. ( општина Сарај )

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.