Кисела Вода се разубавува со палми (ФОТО)

Кисела Вода е разубавува со палми
Кисела Вода е разубавува со палми

Новиот тренд за облагородување на урбаниот простор со засадување на палми стигна и во Кисела Вода.

Утрово, на булеварот Борис Трајковски, недалку од општината, можеше да се забележи работници како засадуваат садници палми, кои иако не се баш автохтони видови што со традиција се садат и успеваат на ова поднебје, некако се одомаќинија, а најбитно, со секоја нова садница се придонесува за зголемување на зеленилото во градот, се дава придонес против загадувањето, но и нвната декоративна улога не е за потценување.

Претходните искуства веќе покажаа дека со соодветна нега на дрвцата и овдешните климатски услови се поволни за виреење на палми.

Проектот засадување на палми е веќе реализиран во повеќе градови низ земјава, а во Скопје, освен во центарот, може да се забележат речиси и во други населби.

палми

палми3

палми1