Кисела Вода утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради дефект на водоводната мрежа на улицата ул.Банско бр.1 во општина Кисела Вода, без вода ќе останат дел од корисниците од соседните улици.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона од улиците: Славејко Арсов, дел од ул.Мариовска, Турската Резиденција и населбата Пржино од 09:30 часот до 15:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.