Kисели пиперки во тегла

Пиперките изобилуваат со витамин Ц, кој не се губи доколку истите се замрзнат или закиселат.

Токму затоа, сега е вистинско време да направите вкусна зимница од пиперки, којa ќе биде одличен извор на витамини за вашето тело во текот на зимскиот период.

Состојки:

За 3 kg пиперки:

  • 3 kg црвени пиперки
  • масло
  • 6 dl вода
  • 2 dl алкохолен оцет (9%)
  • 1 полна лажица сол
  • 1 полна лажица шеќер
  • 3 лажици црн бибер во зрно

Начин на подготовка:

Верзија 1: Со печени пиперки

Измијте ги и избришете ги пиперките, па наредете ги во подмачкан плех, попрскајте ги со масло и печете ги во рерна по 20 минути од секоја страна.

Теглите ставете ги во поголем сад со вода да се стерилизираат на тивок оган околу 30 минути.

Исечените пиперки излупете ги, извадете им го семето и наредете ги во теглите.

Подгответе смеса од вода, оцет, шеќер, сол и црн бибер. Добро измешајте додека шеќерот не се стопи.

Теглите со пиперки наполнете ги со подготвената смеса така што на врвот ќе имате два празни сантиметри. Веднаш затворете со капаци.

Наполнете ја шерпата со вода до половина, наредете ги теглите и оставете да се варат 5 минути.


Верзија 2: Непечени пиперки

Свежите пиперки измијте ги и исечете ги на поголеми парчиња.

Стерилизирајте ги теглите според горенаведениот начин.

Исечканите пиперки, ставете ги во теглите и прелијте ги со смесата од вода, оцет, сол, шеќер и црн бибер. Затворете со капак.

Ставете ги во вода на умерена температура околу 5 минути, а откако ќе се изладат чувајте ги на ладно и темно место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.