Китаровиќ и Пахор ќе ја поетат македонско – грчката граница

Претседателите на Словенија и на Хрватска Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, кои престојуваат во посета на Македонија, денеска ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.

Двајцата претседатели се очекува да имаат средба и со полицајците од Словенија и Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница во справувањето со мигрантите.

Претседателите на Словенија и на Хрватска од вчера престојуваат во посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.