Спорт

Китевски: Правевме напори, но немавме сила да ги задржиме ракометарите

Китевски: Правевме напори, но немавме сила да ги задржиме ракометарите
И Металург со своја реакција: Да се промени правилото кое го донесе РФМ

По неколку дневното молчење, во кое речиси сите репрезентативци го напуштија клубот, конечно се огласи и претседателот на РК Металург, Левче Китевски.

Како што изјави Китевски, имало повеќе обиди да се изнајде некакво решение, но единствено што му останало на крајот е да им дозволи на ракометарите да си заминат од клубот.

“Не би сакал да се шпекулира повеќе, јас официјално ќе ви кажам што се случува во моментов. Официјално заминуваат Наумче Мојсоски, браќата Марковски, Ванчо Димовски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Гоце Георгиевски. Правевме секакви напори, но тоа не зависеше од нас како управа и тренер. Имаме финансиски проблеми со спонзорите, клубот нема да го затвориме, ќе продолжиме да се натпреваруваме, не би сакал да злоупотребувате написи и секогаш сте биле во добро и лошо со клубот” – вели Китевски.

Како што информираше управата на клубот, долговите кон ракометарите ќе бидат подмирени во целост, а во иднина Металург ќе продолжи да се натпреварува со намален буџет и ќе се потпира, барем во периодот што следува, на помладите во тимот.