Киви – моќното зимско овошје

Кивито е многу моќно ужно овошје кое го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок, а исто така помага во варењето на храната, главоболки и стрес.

Исто така кивито го намалува ризикот од појава на срцеви болести, мозочен удар и тумор, а го снижува и холестеролот, ги неутрализира слободните радикали и ги отстранува токсините од организмот.

Кивито е вкусно и здраво, вистинска ризница на витамини, а посебно C, A, E и B комплекс, како и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Со редовно јадење свежо киви се намалува количеството на трициглериди во крвта за 15%, а ова овошје помага и во зараснувањето на рани, одржување на здрави коски, заби и непца, како и за апсорпција на железо.

Позитивно делува на системот за варење бидејќи ја одржува рамнотежата меѓу корисните и штетните бактерии во цревата. Кивито се препорачува во исхраната на бремените жени бидејќи е богато со витамин B и фолна киселина што помагаат за правилен развој на фетусот.

Напомена: иако свежото киви е многу корисно, особено во зима, се препорачува внимателно консумирање бидејќи може да предизвика алергија. Нутриционистите препорачуваат да се јадат најмногу две три киви дневно.