Спорт

Кјалигонза е новиот фудбалер на Динамо Загреб, иако никој во клубот сеуште не го видел

Кјалигонза е новиот фудбалер на Динамо Загреб, иако никој во клубот сеуште не го видел
Кјалигонза е новиот фудбалер на Динамо Загреб за кој во таборот на шампионот никој нема слушнато

18-годишниот Винсент Кјалигонза станал вистинска ѕвезда во својата земја откако на големо во медиумите во Уганда самиот истакнал дека во иднина ќе го носи дресот на хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Кјалигонза изминативе денови дал бројни интервјуа за домашните медиуми, истакнувајќи се на ниво на најголема ѕвезда, дури и гласно фалејќи ги условите за живот и работа во Загреб.

Уживам да тренирам во Динамо, повеќе ништо не може да ги запре моите соништа. Се спријателив со соиграчите, а тука има одлични услови за работа и наскоро го очекувам моето деби во Првата хрватска лига. Потпишав четиригодишен договор со клубот и верувам дека во иднина ќе станам вистинска ѕвезда во Европа, вели Винсент Кјалигонза.

Но, за таков играч на “Максимир” никој жив не слушнал!

Каков Кјалигонза? Тој никогаш не бил во Динамо Загреб ниту, пак, некој слушнал за таков играч, вели Марио Цвитановиќ, тренер на младинскиот состав на Динамо.

Но, недоразбирањето набрзо е разрешено: Кјалигонза всушност играл за навивачкиот клуб Загреб 041, кој на аматерска основа се натпреварува во најниската општинска лига. Очигледно, ништо не може да ги запре неговите соништа…