Ќе добие ли Скопје конечно трамвај?

Градот го пролонгираше крајниот рок на огласот за изнаоѓање концесионер кој треба да изгради трамвајската мрежа, да ја опреми со шински возила, а за возврат да стопанисува со транвајот 35 години. Потенцијалните инвеститори сега имаат можност да доставаат тендерска документација до 3 ноември. Од градската власт велат дека заинтересирани има, но, сепак законски поради тајноста на информациите, додека трае огласот не можат да кажат колку компании до сега доставиле понуди. Оттаму посочуваат дека рокот е пролонгиран само заинтересираните понудувачи да добијат повеќе време за да ја комлетираат потребната докумантација.

Транвајот, кој во Скопје долги години се најавува како алтернативен јавен превоз, според студијата е со траса од Ново Лисеиче до Ѓорче Петров. Трасата  е во должина од 12,1 километар, а проценетата вредност на инвестицијата е  243 милиони евра.

Досегашните проценки од студијата покажуваат дека потенцијалниот инвеститор и концесионер, би работел на граница на рентабилноста, па, заради поголема атрактивност кај понудувачите, со по 50 отсто  во инвестицијата ќе учествуваат Владата и Град Скопје. Во годинешниот буџет на Град Скопје предвидени се 83.000 евра. Пари за трамвајскиот систем се планирами и во Програмата за развој, па така за следната 2015-та година се предвидени околу 2,8 милиони евра, а во 2016-та година за трамвајот ќе се издвојат околу 13,2 милиони ерва.

Концесионерот нема да  прави конкуренција на јавното сообраќајно претпријатие и приватните автобуски превозници. Значи, на трасата на која ќе се движи транвајот, нема да соообраќаат автобуси. Според студијата ќе има 22 транвајски композиции. Во првиот период ќе има една линија од населбите Ново Лисиче до Ѓорче Петров, понатаму во зависност од тоа како ќе се покаже исплатливоста на инвестицијата ќе се направи студија и за други траси.

Минатиот оглас за изнаоѓање концесионер пропадна, бидејќи единственопријавената данска  фирма  „Скурдал и Метнит групација“ која даде понуда не ги исполуваше условите.

Според пропишаните критериуми од тендерот, понудувачот за да може да победи на огласот треба да има реализирано најмалку 20  милиони евра добивка пред оданочување за последните три години, да има приходи од најмалку 200 милиони евра кумулативно во последните  три години, да има искуство во изградба на пруги,станици и депо, искуство во изградба на систем за напојување и инфраструктура, стопанисување со лесен шински или трамвајски систем и стручен кадар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.