Ќе им се зима отпечатоци од прсти на сите кои влегуваат во Русија

Рускиот претседател Владимит Путин наредил да се врши биометриска регистрација на сите странски државјани, како и на оние кои немаат државјанство а кои се во процес на добивање виза.

Според официјалниот документ, објавен на официјалната страна на Владата, започнувајќи од 10 декември на сите оние кои патуваат во Русија за виза ќе им бидат земени отпечатоци од прсти.

Ваквата политика има за цел да ја подобри есикасноста на спроведувањето на закони, превенцијата од илегална миграција и забраната за влез на осомничени терористи.

Руските дипломати биле задолжени пред 5 декември да ги информмираат државите за новите мерки.