Ќе има ли предвремени парламентарни избори во ноември?

Доколку пратениците од опозицијата предводена од СДСМ не се вратат во парламентот, во ноември ќе се распишат предвремени парламентарни избори. Владејачката ВМРО ДПМНЕ дополнително ќе одлучи дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31-но пратеничко место или пак за нови 123. Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, за телевизија Телма.

СДСМ останува на своите барања и најавува дека нема да учествуваат на изборите доколку тие не бидат спроведени од техничка влада.

ВМРО ДПМНЕ со дециден став – ниту сега, ниту во иднина ќе го прифатиме барањето за формирање техничка влада во било која форма. На пратениците од опозицијата им нудат да се вратат во Парламентот или да одат на предвремени парламентарни избори.

И претседателот на Парламентот Трајко Вељановски ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во законодавниот дом најдоцна до 8 октомври , кога всушност треба да биде објавен и Извештајот на Европската комисија. Доколку тоа не го сторат и го условуваат политичкиот дијалог, најави дека ќе биде принуден да свика седница на која ќе се констатираат оставките на пратениците. Голем простор за размислување нема да им се остави ниту на наредните кандидати за пратеници кои се наоѓаат на листите во шесте изборни единици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.