Ќе има минута молк за починатиот Милошевски

Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварите од Првата и Втората фудбалска лига да се играат според претходно утврдените термини. Во чест на трагично починатиот директор на фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, пред почетокот на сите натпревари ќе има едноминутно молчење.

Новото, 22. коло од македонската Прва лига ќе стартува утре со соседското дерби помеѓу екипите на Работнички и Вардар, а од 14:00 часот ќе стартува и дуелот помеѓу екипите на Металург и Брегалница.

В недела, на прволигашките терени ќе играат: Напредок – Еуромилк ГЛ, Гостивар – Хоризонт Турново, Пелистер – Македонија ЃП и Шкендија – Ренова.