Ќе има нова ДНК анализа во случајот Дениса Маркоска

Министерот за здравство Никола Тодоров дал овластување до Институтот за судска медицина бараните анализи од семејството на Дениса да бидат извршени во согласност со законот за здравствена заштита.

– Ве информираме дека согласно член 275 од Законот за здравствена заштита, ќе се изврши судско-медицинска обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје, стои во соопштението што денес Министерството за здравство го упати во јавноста.

Телото за кое се тврди дека е на прилепчанката Дениса Маркоска утре ќе пристигне во Македонија. Дениса исчезна од бродот „Серинисима“ на кој што работела, на 12-ти септември, додека бродот пловел во водите на Егејското море.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.