Ќе има пекол на дуелот помеѓу Англија и Уругвај

Вниманието на фудбалскиот свет, денеска ќе биде насочено кон Сао Пауло, каде ќе биде одигран вториот дерби натпревар во групата “Д”, дуелот помеѓу поразените во првото коло, репрезентациите на Уругвај и Англија.

Победата е императив за двете репрезентации, а поразениот ќе мора да почне со пакување на коферите и со чекирање на авионската карта за дома.

За разлика од предводникот на “Гордиот Албион”, Рои Хоџсон, кој нема никакви проблеми кога е во прашање здравствениот билтен, сега на располагање ги има и услугите на Алекс-Окслеи Чембрлен, селекторот на Уругвај, Оскар Табарез, се уште не знае дали ќе може да смета на најдобриот фудбалер во неговиот тим, Луис Суарез.
Според последните информации кои пристигнуваат од Бразил, напаѓачот на Ливерпул веќе неколку дена тренира со полн интензитет и најверојатно ќе го стартува важниот дуел против селекцијата на Англија.

„Точно дека тренирам со моите соиграчи веќе неколку дена и имам чуство дека се е во ред со моето колено. Сакам да и помогнам на мојата репрезентација, сакав да им помогнам и на дуелот против Костарика, но не бев подготвен, моето колено немаше да го издржи тој напор. Сакам да играм против Англија, но ако истрчам на зелениот терен, тоа ќе значи дека сум 100% подготвен за игра. Уругвај не смее да се врати дома после групната фаза. Уругвај има голема амбиција, а не таква дека мундијлската авантура треба да заврши после само три одиграни натпревари”, изјави реорезентативецот на Уругвај, Луис Суарез.
Дуелот помеѓу Уругвај и Англија ќе стартува во 21:00 часот.