Свет

Ќе има повеќе од 20 илјади инфицирани од ебола во ноември

Ќе има повеќе од 20 илјади инфицирани од ебола во ноември

Повеќе од 20 илјади луѓе ќе бидат инфицирани со вирусот на ебола на почетокот на ноември, ако не се зголемат мерките на контрола на епидемијата во западна Африка, предупреди денеска Светската здравствна организација.

„Под претпоставка дека нема да има промени во мерките за контрола на епидемијата, на почетокот на ноември ќе бидат инфицирани 9.939 во Либерија, 5.925 во Гвинеја и 5.063 во Сиера Леоне, “ се наведува во студијата на СЗО.

Епидемијата се шири поради што сега стручњаците повикуваат на забрзани мерки на заштита и контрола која се однесува и на погребување на починатите и рано откривање на болеста.

Според последните податоци, од ебола починале повеќе од 2800 лица во западна Африка.