Магазин

Ќе најдеме нова Земја до 2024 година!

Ќе најдеме нова Земја до 2024 година!

Многу научници веруваат дека е само прашање кога ќе најдеме нова Земја, планета која во многу нешта ќе биде како нашата.

Доктор Френк Маркис, астроном кој работи во институтот СЕТИ, сега тврди дека „Земја 2.0“ ќе најдеме до 2024 година, пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Предвидувањата на Маркис се темелат на напредувањата на полето на технологијата кои на научниците им овозможија да ги фотографираат планетите и нивните ѕвезди одалечени до 63 светлосни години.

Конкретно, Гемини Планет Имагер (ГПИ), што се наоѓа на телескопот Гемини Соут во Чиле, ја снимил 10 милиони години стара планета Бета  Пикторис б.

Маркис вели денот кога ќе пронајдеме нова Земја е многу близу.

„Мислам дека за 10 или 15 години ќе имаме кандидат за Земја 2.0.“, вели Маркис.