Ќе се дебатира за систем за летови при магла на скопскиот аеродром

На денешниот состанок што го организира Агенцијата за цивилно воздухопловство, ќе се разговара на тема воведување систем за сателитска навигација којшто ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот аеродром во услови на магла.

За системот за сателитска навигација на состанокот ќе дебатираат претставници од ЕУРОКОНТРОЛ, Европската комисија и Агенцијата за сателитска навигација при Европската Унија, како и претставници на М-НАВ, ТАВ Македонија и авиокомпаниите кои оперираат во Македонија.