Ќе се дигитализира филмското творештво на Милчо Манчевски

Реализацијата на проектот за дигитализација на филмско творештво на истакнатиот македонски режисер Милчо Манчевски ќе биде претставена денеска на прес-конференција.

Проектот за дигитализација на филмските остварувања на Манчевски ги опфаќа филмовите „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“ и култниот „Пред дождот“.

На прес-конференцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.