Ќе се дисциплинираат наплатите во јавниот и приватниот сектор

Од денеска стапува на сила Законот за финансиска дисциплина со кој се уредува навременото исполнување на парични обврски помеѓу приватниот сектор, но и помеѓу субјектите од јавниот и приватниот сектор. Според законското решение, отсега приватните субјекти ќе треба да се обврзат дека ќе ги вршат плаќањата во рок од 60 дена, освен доколку двете страни не се договрат поинаку. Максималниот рок за намирување на обврските е до 120 дена. Роковите за исплаќањата приватните фирми и државните институции, исто така се 60, односно 120 дена.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески , Законот за финансика дициплина ќе ја подобри ликвидноста на македонското стопанство.

„Домашните фирми бараа  да се воведат рокови за палќање на обврските меѓу субјектите  од приватниот сектор, но и кога субјектите од приватниот сектор работат со државата. Со воведувањето на стриктни рокови како и обврската да се плати во предвидените роови и предвидувањето на  прекршочна казна и камата ако се отстапи од роковите, очекувам дека ќе се прекине со практиката за неплаќање на обврските што на некој начин го правеа и фирми кои имаат добра ликвидност. На некој начин се создаде култура на неплаќање на обврките,  тоа не е добро за едно функционално домашно стопанство и голем број на фирми се жалеа од таа ситуација. Тоа е и практика и во други земји челенки на ЕУ“, истакна Ставрески.

Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, предвидени се казни од 5.000 до 10.000 евра за правните лица, за трговците поединци 1.500 до 3.000 евра. За одговорните лица е предвидена глоба од 750 до 1.500 евра.