Ќе се избираат најубаво украсени куќи и тераси во Ѓорче

Општина Ѓорче Петров и оваа година по повод новогодишните празници ќе додели парична награда за најубаво украсен двор, куќа и тераса.

Сите заинтересирани граѓани од општината Ѓорче Петров ќе треба да пополнат пријави кои ќе се подигаат на рецепцијата во општината. Пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна до 18.12 2014 година.

Комисија составена од вработени во општината и членови од општинскиот Совет ќе излезат на терен за да ги одберат најубаво украсените двор, тераса и куќа.

Признанијата и наградите ќе се доделуваат на Свечената седница на Советот на општината Ѓорче Петров која ќе се одржи на 24-ти декември во општинскиот Центар за култура.

Воедно заинтереситаните ќе можат да се пријавуваат и на меилот: opstinagpetrov@yahoo.com со назнака-За најубав двор, куќа  или тераса.

Сите заинтересирани ќе треба да назначат име и презиме, точна адреса на учесникот и за што учествуваат.