Ќе се изработуваат приврзоци со ендемските животни од Македонија

Проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“ во соработка Зоолошката градина во Скопје и со „Семос“ едукативниот центар,  викендов ќе ја почнат креативната работилница за „Илустратор“ чија цел е изработка на картолина и приврзоци со ендемските животни од Македонија.

Царскиот Орел, Мечкaта, Рисот, Пастрмката, Египетскиот мршојадец и уште многу ретки животински видови кои ги има на нашето тло, наскоро ќе добијат препознатлив промотивен материјал, преку кој најмладите и возрасните ќе можат да научат и спознаат повеќе за нивното значење, велат од Зоолошката градина.

Млади креативци од средните училишта во Скопје, заедно со студенти и веќе докажани автори во областа на графичкиот дизајн, во текот на работилницата по пат на совладување вештини за работа со „Илустратор“, ќе создадат конкректни производи за потребите на Зоолошката градина, како што се: картолина, на која ќе бидат истакнати ликовите од ендемските животни и приврзоци, со ликовите на ендемските животни.

Работилница во скопската Зоолошка градина ќе се одржи и наредниот викенд.