Балкан

Ќе се извлекуваат телата на загинатите рудари во Зеница

Ќе се извлекуваат телата на загинатите рудари во Зеница

По несреќата во русникот Распоточје во Зеница, во која загинаа пет рудари и 29 се повредени, претседателот на Синдикатот на рудникот Мехмед Оруч најави извлекување на телата на загинатите за денеска, откако претходно беше дадена официјална потврда за имињата на настраданите, јавија босански медиуми.

– Надлежност над јамата во Распоточје во рудникот за јаглен во Зеница, презеде федерален инспектор за рударство и тој дава насоки и наредби и спроведува протокол кога е во прашање јамата, изјави Оруч.

Спасувачките тимови од вчера ги лоцираа телата и почнаа со работа на обезбедување на дел од рудникот за да може луѓето кои ќе работат на извлекување на телата да бидат безбедни. Тие вчера попладне мораа да прекинат со акцијата за извлекување поради безбедносни причини, бидејќи рудникот околу 14 часот беше погоден од нов „удар“ поради кој и настрадаа рударите во четвртокот.