Македонија

Ќе се либерализира увозот на пестициди

Ќе се либерализира увозот на пестициди

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков на гостувањето во вестите на Канал 5 зборуваше за измените во законот на земјоделските производим кој ги најави неодамна.

„Во разговорите со лозарите тие ме информираа дека оваа година околу 20 отсто за заштита на грозјето е во цената на самото грозје. Од таа причина ставката за овие заштитни средства е доста висока и во тој правец ние во министерството покренавме една иницијатива за измени и дополнување на Законот за пестициди каде што имајќи во предвид дека сега законот дозволува на мала група на луѓе да ги увезуваат овие пестициди. Идејата е да направиме либерализација за увоз на пестициди, односно каде што ќе дефинираме кои има услови за увоз на овие средства, без разлика на тоа дали има или нема застапник. Првенствено ќе се обрнува внимание на квалитетот на овие пестициди, каде ќе биде основно да има декларација на македонски јазик на секое заштитно средство. За време на увозот ќе се зема примерок каде во државната фитосанитарна лабораторија ќе се изврши проверка на истиот и доколку одговара на она што е пропишано ќе биде пуштен во употреба“, вели министерот.

Министерот додаде дека законот мора да содржи и казнени мерки доколку некој од увозниците ги прекрши овие мерки и правила, односно одземање на лиценцата за увоз на средства.