Ќе се намалат платите и пензиите во Србија

Со ребалансот на буџетот ќе се намалат платите и пензиите во Србија.

Како што изјави министерот за финансии, Душан Вујовиќ, владата ќе се труди намалувањето да не биде повеќе од десет отсто.

-Ефектите од намалувањето на платите и пензиите ќе бидат отприлика две третини од потребното кратење на буџетскиот дефицит, а остатокот ќе се покрие од снижување на трошоците. Следната година се надевам дека нема повеќе да се поставува прашањето за намалување на плати и пензии, а како резервна мерка ќе го имаме зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), рече Вујовиќ.

Српските медиуми пренесуваат дека економистите сметат дека реформската агенда се поклопува со мерките за долгорочна макроекономска стабилност која се предлага веќе со години. За разлика од Србија, во Македонја се предвидува зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавниот сектор секоја година за 5 отсто или за четири години вкупно зголемување за 21,5 проценти. Ова е предвидено во програмата на актуелната Влада во новиот мандат.