Македонија,Економија

Ќе се олеснат процедурите за плаќање на данок на добивка во обложувалниците

Ќе се олеснат процедурите за плаќање на данок на добивка во обложувалниците

Работната група на „Спортски обложувалници“ во Услужната комора на Сојуз на стопански комори е задоволна од прифаќањето на барањата за олеснување на процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувачниците.

„Согласно измените во Законот за персонален данок на доход, според член 54, кај посебните игри на среќа (каде што припаѓаат приредувачите на игри на среќа во обложувалница, казина и автомат клубови) се предвидува одданочување од 10 отсто на реалната добивка  (односно сума на исплата минус уплата) на секој поединечен добитен тикет. Ова оданочување започна да се применува од седми овој месец“, велат од обложувалниците членови на ССК.

Играчите на среќа нема да имаат обврска  добивките остварени од игри на среќа во обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе издаваат потврди кон играчите.

„Останува обврската на обложувалницата да ги евидентира сите граѓани кои оствариле добивка во своите уплатно-исплатни места, за истите да подготвува месечни извештаи до надлежните институции, да им задржи 10 отсто од реално остварената добивка и во нивно име да го плаќа Персоналниот данок на добивка“, додаваат обложувалниците членови на ССК.