Ќе се отворат 66 аптеки во рурални места

Со цел полесен пристап до лекови, 66 рурални места со до 3.500 жители ќе добијат аптекарски станици. Приватните здравстевни аптеки кои имаат две или повеќе аптеки во една општина, односно пет или повеќе аптеки низ државата, ќе имаат обврска да отворат аптекарска станица во селата посочени од министерството за здрвство. Аптеките кои го исполнуваат овој услов ќе треба во рок од 60 дена да отворат аптекарска станица. Решенијата се веќе потпишани и дистрибуирани, а опфаќаат места во 37 општини  каде што досега немало аптека, а ќе ги задоволи потребите на повеќе од 132.000 жители.

„Во општините Биотола, Сруга и Струмица се додоели по четири решенија, во Сарај седум решенија. По три решенија во Гази Баба,  Кичево и Ресен, две во Велес и по едно решение во Берово, Боговиња, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево Виница, Гевгелија, Градско, Дебар, Зелениково, Илинден, Кавадарци, Карпош, Крива Паланка, Куманово, Маврово и Ростуше, Ново Село, Охрид, Пласница,  Прилеп и Теарце“, посочи министерот за здравство, Никола Тодоров.

Апекарските станици за почеток ќе работат само една смена, а лековите ќе ги издава фармацевтски  техничар под контрола  на фармацевт кој е вработен во аптеката- мајка.  Доколку некоја од аптеките што ги исполнува условите одбие да отоври подружница во посоченото рурално место, ризикува одземање на лиценцата за работа.  Лековите што ќе се издаваат во аптекарските станици ќе бидат на товар на државата, а за нивна изградба, аптеките како стимул ќе добијат и извесна материјална помош.