Ќе се отворат две нови технолошко индустриски развојни зони во Берово и Виница

Владата донесе одлука за основање на две нови технилошко индустриски развојни зони во близина на Виница и Беровио.

Технолошко индустриската развојната зона (ТИРЗ) во Виница ќе биде изградена во месноста наречена Поповец, што се наоѓа пет километри од градот и ќе се простира на површина од 20 хектари. ТИРЗ во Берово ќе се наоѓа на патот Берово – Дабиле и е на површина од 17 хектрари.

„Согласно акцониот план и динмиката на активностите во август ќе се распише тендер  за компаниите кои сакаат да се вклучат во изгрдбата на инфрастрктурата на технолошко индустриските развојни зони Берово и Вница. Ова е одлична можност домашните компании да се пријават на тендерот и да си обезбедат работа“, изјави портпароот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во првата фаза на изградбата на ТИРЗ во Берово и Виница се предвидени еден милион евра , по 500.000 евра за двете зони.
Во август се планира изградба  на две нови зони во Струга (30 хектари) и во  Радовиш (10 хектари). Ќе биде објавен и тендр за компании за изградба на ТИРЗ во Ранковце (40 хектари).

Со основањето на овие зони се заокружува бројката на 14 од вкупно 15 предвудени технолошко индустриски развојни зони. Петнаесетата ТИРЗ се планирана да се отвори  во Делчево,  во првите три месеци од 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.