Ќе се отворат нови 40 детски градинки

Од предвидените 40 нови детски градинки со капацитет за  згрижување на  860 дечиња, за шест  месеци откако е донесена програмата речиси  50 отсто од проектот е реалзиран.

Владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, истакна дека Министерството за транспорт и врски веќе изготви  план според кој  изградбата на овие градинки се категоризира во три групи, и тоа:  ново изградени градинки,  граднки кои се резултат на проширување на самите просторни услови на веќе постоечките градинки  и отварање на градинки во веќе постоечки објекти кои ќе бидат преуредени.

Од овие 20 градинки, шест веќе се пуштени во употреба и тоа во с. Долно Оризари, општина Кривогаштани, во с. Могорче, Демир Капија, Дојран и населбата Ѓорче Патров со капацитет за 260 дечиња.

Пет градинки се веќе завршени и треба да бидат отворени најдоцна до првата половина на месец декември и тоа градинките во населените места Припор, Црниче,  с.Истибања, општина Василево и во Охрид со кои е предвидено да бидат згрижени 210 дечиња.

Пет градинки кои се во интензивна фаза на иградба и кои се планира да бидат пуштени до крајот на годината и тоа во општините Карбинци, Сарај, Липково, Босилово и во населеното место Пештани со капацитет за 290 дечиња.

За три градинки се веќе се започнати процесни дејстава за нивна изградба и тоа во општините Чешиново, Богданци, Јагуновце во кои е предвидено опфат на нови 100 деца.

Целата инвестиција за иградба на детските градинки чини 55 милиони денари  од кои најголем дел од иневестициите ги понесува Државата односно од Буџетот се извоени околу 40 милиони денари, а останатите средстава ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа.