Македонија,Економија

Ќе се поврзуваат домашните компании со странските инвеститори

Ќе се поврзуваат домашните компании со странските инвеститори

Околу 20 странски инвеститори во нашата земја денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании, членки на трите стопански комори во земјата. Целта е да се поврзат домашните стопанственици со странските инвеститори и да се зголемат можности да станат нивни добавувачи.

На бизнис средбата, насловена „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, како што најавија коморите предвидено е обраќање на претставници на Владата.

По воведните обраќања, странските инвеститори ќе пристапат кон презентирање на нивното работење и истакнување на потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.