Ќе се прави нова обдукција на Дениса во Скопје

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство Никола Тодоров да направи обдукција и ДНК анализа на телото на Дениса Маркоска.

Дениса Маркоска исчезна од бродот „Серенисима“ на 12 септември. Две недели подоцна, нејзиното тело беше најдено во Средоземното Море. Првата обдукција на грчките патолози засега не ја откри причината за смртта.