Ќе се прави пристапен пат до Кучковските водопади

Општината Ѓорче Петров, во рамките на програмата за развој на туристичката понуда, подготвува проект за уредување на патот до кучковските водопади. Водопадите се оддалечена неколку километри од селото Kучково, во месноста Kлисурица.

Кучковските водопади се високи околу шест метри, а во нивна близина се наоѓа и археолошки локалитет од римски период.