Ќе се продаваат 1.000 државни деловни објекти, за поттик на бизнис климата

Државата ќе продава  1.000 деловни простории кои се во нејзина сопственост, како дополнителен импакт за бизнис заедницата и можен услов за подигнување на бизнис климата во земјава.

Утре ќе се објави оглас за продажба на првите 100 деловни простории во 19 градови, со вкупна површина од 7.235 квадратни метри.  Во него ќе бидат објавени точните локации на објектите, нивната квадратура и почетната цена. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во Скопје, (22 деловни простории), останатите се во Кичево, Битола, Струмица, Охрид и во други градови.

Продажбата ќе се одвива преку јавна електронска аукција, а сите заинтереирани, правни и физички лица, ќе може да се прјават на специјален мејл, во кој ќе треба да се наведе точно за кој деловен простор се конкурира, како и да се приложи банкарска гаранција од 2 отсто од вкупната вредност на објектот.

Продажбата на деловните простории ќе се реализира преку АД за стопанисување на станбен и деловен простор,  а огласот ќе трае 30 дена.

Вредноста на објектите кои во првиот пакет се понудени на продажба се проценува на 300 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.