Ќе се прска против ларви од комарци

Градот Скопје  ќе изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје.

 -Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.06.2015 година (сабота), во период од 7 до 11 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите