Ќе се развива активниот туризам во Македонија

Македонија преку практикување на активен туризам ќе се обиде да стане лидер во туристичката дејност во регионот на Југоисточна Европа.

Ова, пренесува МИА, беше посочено на денешната прес-конференција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на која беше соопштено дека Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Ballkans“ што ќе се одржи во мај 2016 година во Охрид. Со цел подготовка на чинителите за нејзино одржување на 27-ми и 28 март годинава  ќе се спроведе работилница за обука насловена „ATTA AdventureEDU“.

Конференцијата „AdventureNext – Ballkans“ ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Владата на Швајцарија и Интернационалната асоцијација за активен туризам (АТТА). Ќе привлече околу 300 лидери и носители на одлуки од областа на туризмот, вклучувајќи и дел од најзначајните интернационални туроператори и медиуми.

– Тридневната конференција ќе ја интензивира соработката меѓу чинителите од балканските земји во областа на туризмот со цел зголемување на достапноста на културите и природните туристички ресурси на регионот, како и обезбедување на квалитетна испорака на туристички услуги, рече директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски.

Тој посочи дека развојот на активниот туризам ќе донесе значителни економски бенефити и ќе отвори нови туристички пазари како северноамериканскиот кој досега ни беше недостапен.

– Македонија во последните девет години бележи конктинуиран раст на туризмот кој е 100 отстотно зголемем за овој период. На туристичкиот пазар ќе имаме уште поагресивен настап за презентација на нашите туристички можности  за да отвориме нови пазари. Токму во активниот туризам ја гледаме можноста за дополнителен развој и поголем раст на туризмот од годинашниот кој изнесуваше 7 отсто, рече Џамбазовски.

Нагласи дека ќе се работи на заедничка презентација со соседните држави и додаде дека според  прогнозите на Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel & Tourism Council – WTTC) балканските држави ќе претставуваат шеста дестинација според привлечност во светот.

Извршниот директор на АТТА за Европа, Крис Дојл истакна дека активниот туризам во последните неклоку години бележи раст од 65 проценти годишно што е многу повеќе од растот на конвецнионалниот туризам.

– Секторот за активен туризам е особено значаен бидејќи со него се врши најголемо економско влијание врз дестинацииите. Преку овој туризам се влеваат многу повеќе пари во дестинациите. Кај активниот туризам околу 65 центи од секој потрошен долар останува во дестинацијата каде се спроведува за разлика од масовниот туризам кадешто остануваат само 5 центи. Македонија токму тоа го препозна и сметам дека конференцијата ќе поттикне дополнително економско влијание во земјата и на целиот Балкан, рече Дојл.

Преку активниот туризам, додаде, ќе се изврши огромно влијание и на масовниот туризам и на други сектор како што се земјоделството, работењето на рестораните, уметничките галерии, сувенирници,….

– Конференцијата ќе значи дополнителен катализатор за туристичката дејност и дејностите поврзани со неа, но и отворање на границите на Балканот, нагласи Дојл.

ФОТО: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.