Ќе се реконструира атмосферската под стоковната куќа „Мост“

Од утре започнуваат градежните работи со кои ќе се подобри атмосферската мрежа под стоковната куќа Мост на булеварот Гоце Делчев.

Почетокот на градежните работи на атмосферската мрежа утре ќе го означат градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Бојан Василевски.

Градот на терен веќе спроведува активности за справување со поплавите кои настануваат поради поројните дождови.

Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на вкупно 10-те критични места е околу 2 милиони евра.

Упатен е и апел до сите градоначалници од Скопје, да почнат со лоцирање на критичните точки на локалните улици на кои има проблеми, за да почнат да се прават атмосферските канализации, кои пак треба да се приклучат во главните колектори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.