Ќе се реконструира крајната сообраќајна лента на „Кузман Јосифовски Питу“

Од утре ќе стартуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот Кузман Јосифовски Питу, пред автобуското стојалиште кај Комплексот банки.

Настанот е закажан за утре во 11 часот.

Почетокот на градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот Кузман Јосифовски Питу, пред автобуското стојалиште кај Комплексот банки ќе го означи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.