Ќе се реконструира железничката пруга Битола-Кременица

Годинава ќе се реконстриура железничката пруга Битола-Кременица, во должина од околу 20 километри, најави Зоран Јошевски – претседател на Комисија за сообраќај на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Со реконструкцијата се предвидува и изградба на крак до индустриската зона Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај со сите придружни објекти.

„Со обновата на железничката пруга Битола – Кременица ќе се овозможи побрз и посигурен транспорт на стоки до солунското пристаниште, како и поевтин превоз на туристи и патници“, посочи Јошевски.

Во овој капитален проект, Владата ќе вложи околу 20 милиони евра.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.