Ќе се реставрира куќата на Калеш Анѓа

Црнооката (Калеш) Анѓа родена Македонка која го цени своето потекло која никогаш не би се откажала од својата вера, потпрена врз својата чест и моминска храброст Анѓа е против потурчувањето.Нејзината куќа и ден денес стои во Старавина и сведочи за времето кога таа живееше. За објектот автентично да остане, но да го победи забот на времето.

„Куќата е ѕидана од камен и бела земја автентична за овој крај“, вели Лазар Котвески градоначалник на Битола.

Овој прекуграничен проект Новаци го доби преку ИПА програмата на ЕУ. Пример за нашето градителство каде ќе се санира кровната конструкција, меѓукатниот простор и ѕидовите, камено градителство карактеристично за Мариово кое има за цел да биде зачувано за идните генерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.