Ќе се санира свлечиштето на регионалниот правец до рудникот „Саса“

Свлечиштето на регионалниот патен правец до рудникот „Саса“ ќе се санира со заедничка соработка на Јавното претпријатие за државни патишта, Општината Македонска Каменица и  руската компанија „Солвеј“, корисник на концесијата за експлоатација на рудата.

Ова синоќа го изјавија градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски и директорот на ЈП за државни патишта на Македонија, Владо Мисајловски, по вчерашната обиколка на дел од регионалната и локалната патна мрежа во општината.

На работната средба покрај санацијата на свлечиштето се разгледани и неколку проекти од областа на патната и комуналната инфраструктура за кои општината Македонска Каменица, аплицирала за средства по програмата за 2015 година.