Ќе се сече патот до РЕК Битола за да се спаси Новаци од поплавување, жителите евакуирани

Со дозвола на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, намерно ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата која му се заканува да го поплави цело село Новаци.

„Добивме дозвола од министерот Јанакиевски да го сечеме патот со цел да направиме вештачки испуст на водата која е надојдена и постојано се зголемува заради пробиенатото корито на река Црна на стотина метри од браната на РЕК и 9-тиот канал. Поплавувањето на село Новаци е веќе започнато од синоќа, ги имаме евакуирано и првите луѓе, но за да се спречи уште поголема катастрофа решивме да го преземеме овој чекор“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Во моментов се прават последните пдоготовки, се алармира градежната механзиација и наскоро ќе се започне со сечење на асфалтот.