Ќе се снима трето филмско продолжение на „Сексот и градот“

Култната серија „Сексот и градот“, по две филмски продолженија, може да го добие и третото! Идејата за трет дел од филмот веќе наголемо кружи меѓу таблоидите, а тоа сигурно ќе ги израдува фановите ширум светот.

Актерката Џенифер Хадсон, која во првиот дел од филмот ја имаше улогата на асистентката Кери Бредшо, во една емисија открива дека филмот може да се случи.

– Мислам дека продолжението на филмот може да се случи. Ме контактираа за продолжението, а штом толку се зборува за тоа, можеби и ќе се случи – рече Џенифер.

На почетокот на годината и режисерот Мајкл Патрик Кинг изјави дека остана уште една нераскажана приказна, а главната актерка Сара Џесика Паркер потоа призна дека постои уште едно поглавје кое треба да се сними.

„Сексот и градот“ има шест сезони и два филма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.