Ќе се субвенционира нов лет од Охрид до државите од западна Европа

Општина Охрид распиша Јавен повик за прибирање на барања за финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници. Целта на давањето финансиска поддршка е воведување на една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и државите од западна Европа.

Заинтересираните, документацијата за барање за учество во постапката за доделување на финансиска поддршка може да ја подигнат секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, кај Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка.

Рокот за доставување на барањата трае до 27.01.2015 година до 13:00 часот. Барањата се доставуваат во архивата на општина Охрид.