Ќе се уредува зеленилото во Реонски Аеродром

Екипи на Град Скопје во текот на месец август хортикултурно ќе уредуваат дел од јавната површина покрај булеварот Видое Смилевски Бато, на потегот од раскрсницата со булавар Србија до раскрсницата пред Рамстор, во Реонски центар Аеродром.

Откако ќе се изврши прекопување на јавната површина и ќе се постави систем за наводнување, односно хидранска мрежа со прскалки, ќе се нанесе плодна земја и насее трева.

Јавната површина којашто целосно ќе се уреди е со вкупна површина од 3 734 квадратни метри, а за нејзино уредување ќе се потрошат околу два милиони денари од Буџетот на Град Скопје.

На уредувањето на зеленилото ќе работат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.