Ќе се уриваат трафиките во Центар

Општина Центра од понеделник ќе почне да ги отстранува времените објекти, на кои веќе им е завршен договорот за поставување.  За другите сопственици на трафики кои се уште имаат валидни дозволи,  ќе се почека додека не им истече важноста на документите.

По примерот на Општина Аеродром и локалната власт  во Центар размислува да постави унифицирани времени објекти, но засега немаат конкретни решенија за тоа.

На територија на општина Центра,  функционираат околу 60 времени објекти,  чии сопственици до понеделник треба да достават комплетна документација во општинскиот сектор за инспекциски работи. Потребно е да се достави дозвола за поставување на времениот објект и важност на дозволата, во спротивно ќе се изврши присилно отстранување објектите, а трошоците ќе бидат наплатени од лицата кои што нема да ја исполнат обврската.