Македонија

Ќе се утврува точноста на психичката проценка на тројниот убиец

Ќе се утврува точноста на психичката проценка на тројниот убиец

Министерството за одбрана на Република Македонија, по повод вчерашниот трагичен настан кој вклучува и професионален војник во служба на АРМ, изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејствата на починатите.

„Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија формираа Kомисија со цел да се испита дали се почитувани правилата, процедурите и елаборатите за упатување на стража, употреба на лично вооружување, располагање со муниција и да се провери дали имало пропусти во примената на овие правила. Воедно Комисијата ќе има задача да даде препораки за подобрување на постојните правилници и процедури со цел да се оневозможат вакви немили настани во иднина“, стои во соопштението.

Од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ укажуваат дека огромниот дел од припадниците високо професионално си ги вршат своите поставени задачи и додаваат дека ќе бидат преземени соодветни мерки во насока на превенција за спечување на ваквите појави.