Ќе се воведе рок на траење за воздушните перничиња во автомобилите?

Јапонските произведители на автомобили ја разгледуваат идејата да се воведе рок на траење за воздушните перничиња што се користат во автомобилите, откако неколку автомобилски компании имаа проблеми поради што беа повлечени милиони автомобили во светот.

– Сметам дека треба да се покрене дебата за тоа дали е потребно воздушните перничиња задолжително да се менуваат по неколку години, изјави претседателот на Асоцијацијата на јапонски производители на автомобили и претседател на Хонда Моторс, Фумихико Ике.

Тој изјавил дека неофицијалните разговори на таа тема меѓу производителите на автомобилите веќе се во тек.

Милиони возачи на јапонски, но и на други светски автомобили, меѓу кои се Хонда, Тојота и Џенерал Моторс биле повлечени поради ризик од непотребно активирање на воздушните перничиња кои може да им нанесат повреди и на возачот и на патниците.

Покрај загриженоста дека водечкиот производител на воздушни перничиња, јапанската компанија Таката не може да ја открие причината за серискиот дефект, се повеќе се јавува сомнеж дека проблемот е во постепеното пропаѓање на перничињата со текот на времето, а не во грешка во производството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.