Ќе се врати ли детскиот џагор во одморалиштата?

Детските одморалишта кои со години пропаѓаат ќе имаат можност повторно да се ревитализираат и во објектите да се слуша детски џагор во туристичка сезона. Откако Владата на јавен оглас овозможи продажба и влез на приватен капитал, има надеж за пет од нив, чијшто имот во моментов пропаѓа. Истиот ќе биде оттуѓен на приватни инвеститори.

Во Македонија има 27 детски одмаралишта.Најголем дел од нив кои се наоѓаат на одлични локации во езерските и планинските туристички места, се запуштени.

Зградите и помошните објекти кои се наменети за игра и рекреација на децата пропаѓаат, а децата се носат во хотели каде што немаат услови за детска рекреација и креативност.

Организацијата и програмата во детските одморалишта се концепирани на тој начин што се прилагодени на детските потреби и исполнетост на времето со едукација, игра и забава

Во детските одморалишта, програмата беше прилагодена на спортски активности на децата, едукација, со што времето им е прилично организирано и исполнето. За разлика од класичните хотели во кои реално, децата и немаат што да прават.

Годинава на струшкото и охридското крајбрежје дечињата ги примија, „Радости“ и „Славејче“ во Охрид, како и „Мајски Цвет“ во Струга.

Некои од нив се реновирани, но директорите истакнуваат дека потребни се пари за поголеми инвестиции.
Овие катчиња каде најголемиот дел од децата првпат го минуваат одморот без своите родители, низ годините нанзад беа синоним за детска игра, забава, стекнување знаења и вештини и развивање на натпреварувачкиот дух кај најмладите.

Одморалишта кои во моментов се дадени на продажба се Ѓуриште во Свети Николе,Шула Мина во Крушево, Суви Лаки кое се наоѓа помеѓу Берово и Струмица, Николиќ во Дојран, Малешево во Берово.

Почетната цена по која ќе се продаваат одморалиштата ќе се движи од 50 илјади до 400 илјади евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.