Ќе се зголемува сигурноста при електронската трговија

Министерството за економија подготвува измени и дополнувања на Законот за електронска трговија.

Направената анализа покажала дека и покрај развојните тенденции што ја има овој вид на трговија, нејзиниот сериозен развој го попречуваат одредени проблеми.

Сеопфатната анализа на моменталната состојба со е-трговијата во Република Македонија е направена со цел идентификација на пречките со кои се соочуваат засегнатите страни во е-трговијата.

-Извештајот од Анализата на состојбата со електронската трговија во Република Македонија укажа на потребата од допрецизирање на одделни одредби од Законот за електронска трговија со што ќе се обезбеди поттик и поголем развој на електронската трговија во земјата, стои во образложението на Министерството за економија.

Според најавите, измените ќе бидат во делот на инспекцискиот надзор, односно на надлежностите на институцииите надлежни за спроведување на законот

Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронска трговија ќе се изврши допрецизирање на одредбите со што ќе се овозможи разграничување на надлежностите помеѓу вклучените институции во надзорот и инспекцискиот надзор.

Предложените решенија за разграничување на надлежностите на институциите надлежни за надзор над спроведување на законот ќе придонесат за поголема правна сигурност во одвивањето на електронската трговија и се во функција на нејзино унапредување и развој, соопшти Министерството за економија.